Македонската сениорска ракометна репрезентација прокнижи нови бодови во кавалификациите за Европското првенство во 2022 година, во Унгарија и Словачка. „Црвено жолтите“ во вториот натпревар од групата извојува тешка победа на гостувањето кај Швајцарија со 25:23.

Мечот беше изедначен до 45. минута кога домаќинот направи предност од три гола 15:18, но за само три минути избраниците на селекторот Данило Брестовац, со серија од 4:0 го презедоа водството со 19:18. Од овој момен Македонија постојано беше во водство од два  – три гола, кое успеа да го одржи до крајот на натпреварот.

Најефикасен на натпреварот во македонскиот тим беше капитенот Кирил Лазаров со  6 гола, додека Кузмановски и Георгиевски мечот го завршија со по четири гола.

Следниот натпревар од квалификациите „црвено –жолтите“ ќе го одиграат на домашен терен против Данска, која исто така има две победи од првите два натпревари во квалификациите и е на првото место во групата со 4 бода, исто толку има и Македонија.