Македонија понижена од Јапонија

122

Кадетската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз со 22:31 од селекцијата на Јапонија, натпревар кој беше дел од 5. коло на Светското првенство кое се игра во нашата земја.

Азијците поведоа на стартот со 0:6, а македонските ракометари цел натпревар го бркаа резултатот и се обидуваа да ја намалат разликата. Најдобар стрелец кај „жолто-црвените“ беше Костески со осум гола, а Серафимов постигна четири гола.

На тој начин нашите млади ракометари групната фаза ја завршија со две победи (Бахреин и Нигерија) и три порази (Данска, Аргентина и Јапонија) и завршија на четвртата позиција.

Противник на Македонија во осминафиналето ќе биде Поргугалија, а подобриот од дуелот во 1/4 финалето ќе игра со подобриот од дуелот Франција – Шпанија.

Осминафиналните дуели се играат во среда, 14 август.

ФОТО: П.Стојановски