Македонија не е дестинација со висока цена, не може на странските туристи да им нудиме 200 евра соба

Хотелите се празни и голем дел од нив се принудени да стават клуч на врата, бидејќи не можат да ги платат сметките за струја кои во декември им се повисоки за 200 до 300 отсто. Хотелиерите велат дека ќе бидат принудени да ги покачат цените на услугите, но стравуваат дека ги загубат странските гости. Нашата дестинација ќе стане неконкурентна, бидејќи не може на гостите да им нудиме 200 евра соба. Покрај високите трошоци за струја, гас, одржување треба да ги платат и вработените, бидејќи помош од државата нема. Од ХОТАМ бараат помош од Владата и од РKE да најдат начин како да им помогнат на хотелите и да им обезбедат поевтина струја за да издржат до пролет. Освен тоа бараат да се олесни постапката за добивање на дозволи за поставување на сончеви колектори на за производство на електрична енергија

319

Хотелиерите во Охрид и Струга планираат да стават клуч на врата, бидејќи не можат да издржат финансиски. Сметките за струја во декември им се повисоки за 200 до 300 отсто, а гости нема. Хотелиерите велат дека ќе бидат принудени да ги покачат цените на услугите, но стравуваат дека ги загубат странските гости. Нашата дестинација ќе стане неконкурентна, бидејќи не може на гостите да им нудиме 200 евра соба. Покрај високите трошоци за струја, гас, одржување треба да ги платат и вработените, бидејќи помош од државата нема.

Од Хотелската асоцијација на Македонија бараат помош од Владата и од Регулаторната комисија за енергетика да најдат начин како да им помогнат на хотелите и да им обезбедат поевтина струја за да издржат до пролет. Освен тоа бараат да се олесни постапката за добивање на дозволи за поставување на сончеви колектори за производство на електрична енергија.

-Добавувачите им ги раскинуваат договорите на хотелите кои ги склучиле на годишно ниво и сега се принудени струјата да ја набавуваат на берзите по 250 евра за мегават-час или од истите добавувачи по многу повисоки цени. Поради тоа сметките за струја на хотелите во декември им беа за 200 до 300 отсто повисоки. Не само хотелите туку ниедна индустриска гранка не може да го издржи овој финансиски притисок. Мора да најдеме начин како да се издржат овие неколку месеци додека не се стабилизираат цените на електричната енергија, вели за ВЕЧЕР, Крсте Блажевски, претседател на ХОТАМ.

Хотелите се празни и голем дел од нив се принудени да стават клуч на врата, бидејќи не можат да ги платат сметките за струја кои изнесуваат 50 отсто од вкупните трошоци.

-Друга работа е што поради високите сметки за струја Македонија како туристичка дестинација ќе стане неконкурентна. Не можеме нашата дестинација да ја нудиме на странските тур-оператори по висока цена, односно да издаваме соба за 200 евра. Во моментов хотелите на охридско-струшката ривиера се празни и во над стотина хотели има само 200 гости, вели Блажевски.

Хотелиерите поради повисоките трошоци за струја, гас, одржување…ќе бидат принудени да ги покачат цените на услугите. Но, тоа од друга страна ќе доведе до друг проблем односно ќе останат без дестинации.

За да издржат во наредните неколку месеци ќе бидат принудени да ги затворат хотелите или да земаат кредити. Покрај високите трошоци за струја, гас, одржување треба да ги платат и вработените, бидејќи помош од државата нема.

(А.С.)