Македонија – малцински продуцент: „Малмкрог“ на Кристи Пују на Берлинале

118

Најновиот филм на романскиот режисер Кристи Пују – „Малмкрог“ (Malmkrog), во кој нашата земја има малцинско учество, ќе ја отвори новата секција „Encounters” на 70. Берлински филмски фестивал.

Главен продуцент е „Мандагора“ од Романија, а македонски партнер во проектот е продуцентската куќа, „Сестри и брат Митевски“. Во копродукцијата на филмот, кој во официјалното соопштение од „Берлиналето“ е наречен „патување низ времето и мислите, кој фасцинира со прецизност и инвентивност“, учествуваат и Србија, Швајцарија, Шведска и  Босна и Херцеговина.

„Своето најново филмско дело во кое се јавува и како сценарист, Кристи Пују го именува по село во Трансилванија и го заснова по книгата на Владимир Соловјев „Три разговори“, а е за војната, прогресот и крајот на историјата“, соопшти Агенцијата за филм која финансиски го поддржа снимањето на филмот „Малмкрог“.

„Сестри и брат Митевски“ со режисерот Кристи Пују соработуваше и беше копродуцент и на неговиот филм „Сиера Невада“ кој во 2016 година беше во официјалната селекција на престижниот „Кански филмски фестивал“. Овој романски режисер во 2004 ја доби „Златната мечка“ за краткиот филм „Кафе и цигари“.