Македонија како „гасна комора“!

223

Летово, како и секое, се изнадишавме чад, воздухот постојано мириса на изгорена пластика, пишува  „Гардијан“. Според анализата на реномираниот британски весник, заснована на моделирање на европските податоци за квалитетот на воздухот, Скопје е дом на три од најзагадените области на континентот.

– Заедно со градовите низ Западен Балкан и во Полска, Скопје е едно од европските жаришта за честички помали од 2,5 микрони во дијаметар, познати како PM2,5. Некои од овие честички се лизгаат низ белите дробови и во вените, поминувајќи низ крвотокот на телото и предизвикувајќи хаос на органите на кои наидуваат – наведува „Гардијан“.

 

Македонија е најзагадена земја во Европа со отровен воздух, укажува Светската здравствена организација, а за проблемот постојано апелираат бројни екоздруженија и активисти.

– Македонија 6 од 12 месеци е една голема „гасна комора“ и фабрика за канцер. Кога ќе нè прашаат децата зошто лежат на Институтот за белодробни заболувања во Козле, што треба да им одговориме? Што ќе им одговориш ти? – вели екоактивистот и градски советник, креаторот на апликацијата „Мој воздух“, Горјан Јовановски, за ДВ, кој е револтиран што и по десет години од постојаното укажување за енормното загадување во земјата и опасниот воздух што го дишат граѓаните, ситуацијата речиси се нема помрднато од место.

Тој потенцира дека сите се свесни за проблемот, сите дишеме отровен воздух, но не се презема ништо конкретно.

Тој неодамна ги сподели ваквите согледувања и за британскиот весник „Гардијан“, кој го цитираше овој 30-годишен софтверски инженер и градски советник дека „за загадувањето на воздухот сите сме свесни, знаеме како да го следиме, особено во зима. Проблемот е што се чини дека свеста е запрена пред портите на Владата“.

И од „О2 иницијатива“ велат дека странските медиуми известуваат за високото аерозагадување на главниот град , една од жешките точки во Европа за PM 2,5 честичките.

– Домаќинствата што чурат зимно време и понатаму ќе чурат, болниците ќе тераат на мазут, освен „Мајка Тереза“ во Чаир што се смени на гас, другите останаа на мазут. За индустријата во градов нема построги гранични вредности на емисиите во воздухот – потенцираат од „О2 иницијатива“

Оттаму додаваат дека летово, како и секое, се изнадишавме чад, воздухот постојано мириса на изгорена пластика, а за ова пишува и „Гардијан“.

Според анализата на „Гардијан“ заснована на моделирање на европските податоци за квалитетот на воздухот, Скопје е дом на три од најзагадените области на континентот.

– Заедно со градовите низ Западен Балкан и во Полска, Скопје е едно од европските жаришта за честички помали од 2,5 микрони во дијаметар, познати како PM 2,5. Некои од овие честички се лизгаат низ белите дробови и во вените, поминувајќи низ крвотокот на телото и предизвикувајќи хаос на органите на кои наидуваат – наведува „Гардијан“.

Студијата во 2018 година покажала дека воздухот во Скопје е толку затнат со загадувачи што жителите умираат во просек две-три години порано отколку без овој (кој може да се спречи во голема мера) еколошки фактор.

Ако претворите во економски термини, трошоците за општеството се „многу, многу високи“, вели за „Гардијан“ Михаил Кочубовски, коавтор на студијата и шеф на тимот за животна средина во македонскиот Институт за јавно здравје, кој ги поврзува социјалните трошоци од загаденоста на воздухот во Скопје меѓу 0,5 и 1,5 милијарди евра.

– Многу е подобро да се плати 1 евро (за превенција), да речеме, и да заштедите 5 или 10 евра непотрошени за здравствени прашања како што се морбидитетот, смртноста и деновите на боледување – смета тој.

Со намалување на загадувањето со ПМ 2,5 до препорачаната граница на ЕУ за микрограми на квадратен метар, откриле истражувачите, Скопје ќе избегне едно од секои пет болнички лекувања поради болести на срцето и на белите дробови. Ако ја достигне построгата граница од 10 микрограми на квадратен метар од Светската здравствена организација, која оттогаш ја намали на 5 микрограми на квадратен метар, ќе се преполоват посетите на болниците во градот.

 (А.П.)

.