Скандинавијата и понатаму се најсреќното место за живот во светот, а Македонија едно од понесреќните, на 75.место од вкупнито рангираните 95 земји. Тоа го покажува најновиот Светски извештај за среќата направен според традиционалната анкета на агенцијата „Gallup“, во кој три скандинавски земји ги држат првите три места.

И покрај пандемијата, распространетоста на среќата во изминатата 2020 година нема многу пормени во однос на претходната. Според резултатите од анкетата на „Галуп“, комбинирана со показателите за развој, првите три места на листата на најсреќни земји во светот ги заземаат Финска со оценка 7,89, Исланд со 7,58 и Данска со 7,51 во распон од нула до десет.

Со оценка, 5,05, Македонија е дури на 75.место на листата и е најнесреќната земја за живот во Европа.

Од земјите во регионот, најдобро котираат Хрватска – на 23.место со оценка 6,51 и Словенија- на 26.место со 6,46. Зад нив се Косово на 31.место, Србија на 42.место, БиХ на 58.место, Албанија е на 63.позиција, а Македонија е најдолу од сите на 75.место.

Анкетата е направена во пролетта 2020 година, откако светот го зафати пандемијата со коронавирусот.

На оваа листа на среќата, Швацарија за две места е повисоко во однос на 2019 година и сега избива на четврто место. Во првите десет следуваат Холандија, Шведска, Германија, Норвешка, Нов Зеланд и Австралија.

Интересно е дека Германија за десет места ја поправила својата позиција во однос на претходниот извештај.

Од земјите надвор од европскиот континент, само Нов Зеланд котира меѓу првите десет, додека Канада е падната на 15.позиција. САД од 19 се искачиле на 14.место.

Во Азија најдобро котира Тајван на 19.место, а во Африка најдобро место за живот е Нигерија рангирана на 59.позиција.