Македонија една од земјите со кои Србија има најголем трговски суфицит

34

Српскиот Републички завод за статистика објави дека Македонија е една од земјите со кои Србија забележала најголем трговски суфицит во изминатите десет месеци.

Во првите десет месеци од оваа година Србија во Македонија најмногу извезувало топло валани ленти во котури и сончегледово масло, а од Македонија во Србија најмногу за извезувале вино и лекови.

Србија има суфицит од 1,5 милијарди евра во трговиајта со земјите од ЦЕФТА. Освен со Македонија, Србија има висок суфицит и со Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Србија извезла стоки во вредност од 14.06 милијарди долари, или 13,8 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, додека увозот изнесувал 17,82 милијарди долари, што претставува зголемување од 14,3 проценти.

Земјите-членки на Европската унија сочинуваат 64,2 отсто од вкупната размена на Србија. Најмногу стоки Србија извезла во Италија, во вредност од 1,7 милијарди евра, а најмногу увоз има од Германија, за две милијарди евра.