Македонец смртно настрада по тепачка во Австрија

16

Дваесетидеветгодишен македонски државјанин починал по тепачка, која се случила во Регау, австриска провинција во градот Веклабрук, пренесува порталот Лаумат.
Засега не е откриен идентитетот на Македонецот, а починал во болница, поради тешките повреди од тепачката. Според информациите на полицијата, неколку лица се повредени и пренесени во болница.