Маж се самозапали пред судот во Менхетен, каде што е во тек судењето на Трамп

160
Маж се самозапалил пред кривичниот суд во Менхетен каде што е во тек судењето на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, пишуваат американските медиуми.
Според Њујорк пост, станува збор за млад маж кој се полеал со запалива течност во паркот Колет понд, спроти зградата на судот.
Весникот пишува дека 20-тина лица, врескајќи, избегале од паркот.
На Трамп му се суди за наводно фалскфикување на деловна документација во случајот тајни парични исплати на порно актерката Сторми Дениелс и му се заканува казна затвор до 10 години.
Поранешниот претседател на САД се изјасни за невин по 34 точки од обвинувањето.