Маж во Берлин испукал ракетен огномет и си ја разнел шаката

94

Како што се повеќе луѓе почнуваат да користат пиротехника пред новогодишните прослави, несреќите не се невообичаени, а доказ за тоа е немилиот случај во Берлин кога маж си ја разнел шаката додека активирал ракета за огномет.

Како што информираат од берлинската полиција, сигналната ракета што 40-годишниот маж што ја активирал на балконот му експлодирала во рака и веднаш бил пренесен во болница.

Останатите пиротехнички средства што ги имал со себе му биле одземени. Според првичните информации, во раката му експлодирала сигнална ракета од категоријата Ф4, која се користи само за професионални цели и е дозволена да ја користат само професионални пиротехничари.

Полицијата сега треба да утврди дали 40-годишникот имал дозвола за користење на таа категорија пиротехнички средства.

Пиротехничките средства за широка потрошувачка се класифицирани во категориите F2 и F3.

Пиротехнички средства за Нова година во Германија смеат да се користат само во последните три дена од годината.