Мажена жена и мајка до пладне е адвокатка, попладне – проститутка (видео)

165

Кетрин Сиaрс, поранешна стриптизета , денеска мажена жена и мајка, која работи како адвокатка со половина работно време,  слободните часови ги користи за да се занимава со проституција, а сопругот во тоа ја поддржува.

Американката Кетрин Сиaрс без проблеми зборува за својата двојна кариера и тврди дека ,,проститутките се едни од најдобрите луѓе што ги познава”. Сопругот со кого заедно работат во адвокатска канцеларија го запознала додека студирала право. Џон вели дека не е загрижен за другиот дел од кариерата на сопругата зашто од почетокот знаел со што се занимава.

Кетрин е ангажирана како адвокат една недела месечно во Ајова, каде што живее, а останатите три недели оди во Невада, единствената држава во Америка каде проституцијата е легална.

„Сакам секс. Сексот е забавен. И можам добро да заработам “, признава Кетрин, која во просек заработува околу 70.000  долари месечно.

Кетрин се бори за легализација на проституцијата и смета дека сите жени треба да имаат право да им плаќаат за сексуалните услуги. Исто така, таа бесплатно ги брани сите клиенти кои имаат проблем со законот заради проституција.

„Поминав две години работејќи како проститутка во легален бордел и неколку години како стриптизета. Ја сакам оваа работа, заклучува таа.