Маестро Симон Трпчески избран за „Маж на годината“ за 2022

156

Маестро Симон Трпчески е добитник на наградата „Маж на годината“ за 2022 година, на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.

Во присуство на голем број претставници од бизнис секторот, јавниот живот, амбасадори и ексклузивниот гостин Петар Грашо, беа избрани 13 најуспешни мажи, во 13 категории кои ја одбележале 2022 година. Според официјалниот избор на жири комисијата во чиј состав се членови од институции, новинари, претставници на бизнис секторот, режисери и стилисти, титулата „Маж на годината 2022“ ја понесе Маестро Симон Трпчески.