МАЕИ го честиташе 8 декември, Денот на Свети Климент Охридски

246
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упати честитка по повод 8 Декември-Денот на Свети Климент Охридски.
– Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, на сите Македонци каде и да се им го честита денешниот празник Свети Климент Охридски. Нека ни е честит и вековит Денот на Свети Климент, македонскиот духовен патрон и заштитник на македонскиот народ, стои во честитката.
Се додава дека на овој празник го славиме ликот и делото на големиот македонски просветител „Св. Климент Охридски“, кој бил еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј.
-Свети Климент бил прв словенски епископ и основоположник на Охридската книжевна школа. Нека е честит и вековит денешниот ден и споменот за него, стои во честитката потпишана од Васил Стерјовски, лидер на партијата.
Празникот го честиташе и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски и македонското друштво „Илинден”- Тирана.