Најбезбедниот и најефективниот начин за губење на салото од стомакот е преку урамнотежена исхрана и вежбање. Но, иако не постои чудотворна состојка, постојат одредени намирници и пијалоци кои можат да помогнат во процесот на слабеење.

На пример, пиењето смути од овошје и зеленчук само по себе нема да предизвика губење на тежината, но може да помогне бидејќи е одличен начин да вклучите повеќе влакна и антиоксиданси во вашата исхрана.

Чај од нане

Друг вид на пијалок кој може да помогне при слабеење е чајот, особено чајот од нане. Чаевите генерално имаат многу малку калории и се полни со антиоксиданси, па заедно со вода се идеален пијалок како дел од здравата исхрана.

Дополнителна придобивка од чајот од нане е неговиот малку сладок вкус, кој може да помогне да се задоволи желбата за слатки и да се намали апетитот.

Освен тоа, чајот од нане е одличен затоа што содржи антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства, а токму поради неговите антивоспалителни својства помага во ублажување на потешкотиите во варењето на храната.

Некои тестови покажаа дека има релаксирачки ефект врз мускулите и ги ублажува грчевите, а помага и за полесно исфрлање на храната и гасовите од телото, а сето тоа е причина зошто делува на намалување на надуеноста, па вашиот стомак може да изгледа порамно.