МААЕ: Нема докази дека Ким исполнил ветување за Трамп

37

Нема никакви индиции дека Северна Кореја запрела работа на нуклеарно оружје, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија.

– Продолжувањето и понатамошниот развој на нуклеарната програма на Северна Кореја е причина за голема загриженост, се вели во извештајот на МААЕ.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека верува оти Северна Кореја постигнала определени чекори за денуклеаризација и дека веројатно повторно ќе има средба со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Трамп и Ким имаа состанок за првпат на историски самит во Сингапур на 12 јуни кога севернокорејскиот лидер се согласи да работи за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.