Лука Јовиќ задолжен за голови

47

Новите сопственици на англискиот премиерлигаш Њукасл, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на српскиот интернационалец од редовите на новиот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), Лука Јовиќ. Иако пред една година беше купен од Ајнтрахт за 60 мил. евра, младиот напаѓач веќе е ставен на трансфер-листата поради очајните игри во изминатата сезона, но и поради однесувањето надвор од фудбалските стадиони. Србинот сигурно ќе си замине од Мадрид но не се знае дали ќе биде продаден или позајмен.