Ѓоновите на патиките на Лука Дончиќ откриваат среќна вест: Кошаркарот за првпат стана татко/ФОТО

1242

Екипата на Далас Маверикс одигра неверојатен последен натпревар во НБА. Успеаа да го загубат натпреварот каде што тргнаа во серија од 30-0 на почетокот на последната четвртина. Тие отидоа од 111-87 на 111-117, но на крајот загубија со 126-120.

Но, тоа беше уште еден натпревар во кој се истакна Лука Дончиќ. Словенецот постигна 36 поени, 15 скока и монструозни 18 асистенции, но еден детал беше поважен.

Фантастични бројки во чест на Габриела
Имал дополнителна инспирација бидејќи станал татко. Неговата свршеница Ана Марија Голтес, на свет донесе девојче по име Габриела, а Лука тоа го прослави на посебен начин – со натпис на патиките.

Лука и неговата свршеница се познаваат од 12-годишна возраст и долго време се во врска, со само една кратка пауза веднаш по неговото пристигнување во НБА, но откако се смириле нема познати проблеми.

Меѓутоа, Лука и Ана Марија ја држеа својата врска подалеку од јавноста, со само неколку објави на Инстаграм, како што направија сега кога се роди бебето, па и малку пред тоа, кога Лука реши да клекне на едно колено и да ја запроси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic)