EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ оваа сезона веќе неколку пати влезе во историјата на НБА-лигата, а така беше и кога извојува неговиот Далас голема победа над Јута од 147:97, трета најубедлива откако постои франшизата.

На тој натпревар, Дончиќ играше како во транс и веќе во првата четвртина навести дека ќе приреди шоу, бидејќи постигна 16 поени и имаше уште пет скока и исто толку асистенции. Но, тоа беше само вовед.

Иако го направи тоа по петти пат во првата четвртина, што му успеа само на уште еден играч во последните 27 години (Јанис Адетокумбо), она што го направи до полувремето е уште полудо. За првпат во кариерата забележа трипл-дабл на половина од натпревар, што досега им успеало само Расел Вестбрук, Никола Јокиќ и на Домантас Сабонис.