Лука Дончиќ олеснет за 4.500 евра

25

Челниците на Евролига го казнија младиот кошаркар на Реал Мадрид, Лука Дончиќ, со 4.500 евра поради недолично однесување кон судиите.

Тој беше исклучен во текот на втората четвртина по судиска одлука, а потоа бурно реагираше, навредувајќи ги судиите.

Многумина ги изненади ваквата одлука на Дончиќ, пред се поради фактот дека неговото однесување на теренот во досегашниот дел од кариерата беше на завидно ниво.