
Лондонскиот премиерлигаш Челзи се обидува на секаков можен начин да се ослободи од услугите на белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку кој моментално настапува како позајмен играч во дресот на италијанскиот калчо гигант Интер. Според британските медиуми, Челзи сака да го испрати Лукаку во Рома, а во обратната насока да се упати Тами Абрахам.