Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, вели дека не е лут на тимските колеги по трката за Големата награда на Турција.

И покрај очигледното несогласување со луѓето од боксот пред крајот на трката, кога му рекоа да влезе во боксот за да ги смени гумите, што го чинеше повисок пласман, Британецот откри дека не е лут поради тоа.

  • Добро утро, го видов печатот утрово, мислам дека отидоа малку предалеку во врска со инцидентот на трката кога заминав во бокс. Не е точно дека сум лут на мојот тим. Како тим, напорно работиме за да создадеме најдобрата стратегија, но како оди трката, треба да донесете брзи одлуки, има многу фактори кои постојано се менуваат. Ризикувавме да останеме на патеката верувајќи дека ќе стане сува, но не беше така. Сакав да ризикувам и да одам до крај, но мојата одлука не помина. Отидов во бокс, тоа беше најбезбедната одлука што можеше да се донесе, објасни Хамилтон.