Луис Хамилтон владее во Формула 1, но и кај девојките

61

Кога сте најдобар пилот во Формула 1, тогаш логично е крај себе постојано да имате по некоја гламурозна жена.

Ароганцијата и снаодливоста отсекогаш ги следеле пилотите во елитното автомобилистичко натпреварување, измешани со потребна безобразност на патеката без која не можеш да сметаш дека при брзина од 300 километри на час ќе успееш да го задржиш противникот зад себе. Но, таквите особини заедно со славата и парите привлекуваат и многу жени.

Хамилтон крај себе постојано има по некоја славна личност, убава и згодна жена. Со некои беше во врска, но со некои само авантура за една ноќ.

Последна девојка на шампионот во Формула 1 беше Захра Елиса, која важи за една од најгламурозните дами во светот. Убавата бринета има големи облини поради кои би „паднал“ секој маж. Но, таа е само една од низата сексапилни девојки кои ги имал петкратниот Ф1 шампион.

На некои од нив Британецот не се ни сеќава. Додека беше тинејџер, во 2002 година ја запозна Даниела Лојд од реалното шоу „Големиот Брат“. Беа шест години во љубовна романса, но истата прекина поради големата далечина, па затоа останаа само пријатели.

Џуди Ма, ќерката на бизнисменот од Хон Конг, Ма Бо – Ке, е уште една од низата девојки кои ги имал Хамилтон. Двајцата наводно се сретнале за време на студирањето во уметничко училиште во Кембриџ и кокетирале со години, но на крај не останале заедно.

Лота Нинтса е ќерка на поранешниот доктор во редовите на Мекларен, Аки Нинтса. Таа е поранешна мисица на Финска, па „во око“ му падна на Британецот. Парот често беше забележуван во јавноста, но Лота демантираше дека е во врска со Луис и секогаш тврдеше дела се само пријатели.

Вивиан Буркхард е поранешна мисица која своевремено живееше во домот на Хамилтон. Сепак, ниту оваа врска на Британецот не му траеше долго.

Никол Шерцингер можеби е љубовта на неговиот живот. Двајцата беа долг период во врска, а за Хамилтон тоа беше првата сериозна врска која се задржа подолг период. Сепак во неколку наврати тој изјави дека негова прва љубов е Формула 1.

  • Кога имаше девојка говореше дека постојано доаѓа друга кога едната ќе си замине, па затоа сметам дека болидот му е на прво место, изјави по раскинувањето Шерцингер.

Популарната пејачка Ријана и пилотот изгледаа нераздвојно во 2015 година. Се забавуваа на Барбадос, а потоа и во Њујорк. Тој говореше дека таа му е само пријателка, но евидентно е дека имаше и нешто повеќе.

Рита Ора му била роденденски подарок на Хамилтон за 31. роденден, кога пристигнала во Абу Даби за време на трката. Таа беше одреден период со Британецот, уживаа заедно, но никој од нив не сакаше да потврди дека се заљубени еден во друг.

Барбара Палвин е унгарска манекенка и еден од најубавите ангели на „Викторија Сикрет“. Таа и Луис за прв пат беа видени на трката за Големата награда на Монако во 2017 година, а сезонава во Будимпешта наводно била видена во друштво на Хамилтон. Палвин исто така се поврзуваше и со бразилскиот фудбалер Неимар, но на крајот заврши во врска со американскиот актер Дилан Спраус.

Ако мислите дека тоа е сè, се лажеше. Тука е и Вајн Хероу која е на листата на несудени девојки на Хамилтон. И таа му била „само пријателка“, иако медиумите тврдеа дека имале неколку средби.

Софија Ричи е ќерка на пејачот Лајонел Ричи и уште една од плејадата сексапилни девојки на Британецот. Иако меѓу нив има 14 години разлика, двојката заедно излегуваше, а беа забележани и на модната недела во Париз во 2017 година.

Ники Минаж е „уловена“ со Хамилтон во хотел во Дубаи во 2018 година, но таа беше само привремено решение за Британецот, кој потоа не беше ниту долг период со гламурозната манекенка Вероника Вел. Таа во јавноста излезе со тврдење дека Хамилтон е опседнат со секс во тројка и дека тоа често пати го прави во тоалет.

  • Луис е чуден лик, изјави Вел за британски „Сан“.

Листата на поранешни „пријателки“ на пилотот на Мерцедес е огромна, а не се знае уште колку познати секси дами ќе легнат во неговиот кревет.