Двократинот европски ракометен шампион, екипата на Вардар, го претрпе и третиот пораз во низа во Лигата на шампионите, откако загуби на домашен терен од германски Кил со 26:29 во рамки на 6 коло.

Избраниците на Веселин Вујовиќ имаа позитива од три гола на поливремето (13:10), но германската машинерија проработе во вториот дел, па набрзина го израмни резултатот, потоа и поведе и постојано одржуваше позитива.

Единствено расположен за игра во „црвено-црните“ редови беше Тимур Дибиров со десет погодоци, додека ниту еден од останатите не запиша повеќе од два погодоци. Дувњак со седум и Екберг и Пекелер со по шест погодоци беа најефикасни во таборот на Кил.