Лоши вести за Путин: За прв пат руските власти објавија статистика на загинати во Белгород

306

Од почетокот на руската инвазија на Украина, 25 цивили се убиени, а повеќе од 90 се ранети во руската погранична област Белгород.

Ова денеска му порача на рускиот претседател Владимир Путин гувернерот на таа област Вјачеслав Гладков.

„Украинците, нашите непријатели, напаѓаат мирни населби. Имаме 25 мртви и 96 ранети“, му рекол Гладков на Путин на средбата што ја пренесува руската државна телевизија.

Ова е прв пат руските власти да го соопштат бројот на загинати во рускиот регион од почетокот на руската воена операција.