Лоренцо ги откри претендентите за титула

12

Шпанецот Хорхе Лоренцо призна дека не се смета за фаворит за титулата во Мото ГП шампионатот оваа сезона, но посочи четири пилоти, за кои тој верува дека се способни да дојдат до титулата. Трикратниот шампион во кралската класа се подготвува за својата прва сезона со Хонда, но за жал се повреди во тренинг во зима, поради што почетокот на сезоната може да биде тежок за него.

  • Како што секогаш сум велел, во Мото ГП се е можно, но се разбира, треба да бидеме и реални. Недостатокот на подготовка и мојата повреда ќе ја отежнат презентацијата во Катар, а најверојатно и во наредните две или три трки. Во оваа фаза не сметам дека сум меѓу фаворитите за претстојната сезона. Има други пилоти како Марк Маркез (негов тимски колега) заедно со Андреа Довициозо (Дукати), Валентино Роси и Маверик Вињалес (Јамаха), прокоментира Лоренцо.