Лончар: Децата се сериозни преносители на корона, се појавија два слични вируси

198

Министерот за здравство на соседна Србија, Златибор Лончар, изјави дека бројот на заразени деца се менува од час во час, дека има многу позитивни деца од училишна возраст и дека, според она што може да се види сега, тие се сериозни носители на болеста.

Истовремено, тој предупреди и на појава на уште два нови вируси кои се слични на корона вирусот.

– Од друга страна, се појавија уште два вируси слични на корона, во очекување сме и на сезонскиот грип – предупреди Лончар во Ниш.

На прашањето зошто на здравствените институции на југот на Србија им е забрането да ги објавуваат бројките на починатите од ковид, Лончар вели дека не знае зошто е тоа така.

– Можно е фактот дека имавме несогласувања, на пример, пациент од Врање почина во болница во Ниш, така што се зема предвид дека починал и во Ниш и во Врање – објасни Лончар и нагласи дека властите немаат причина да кријат бројките.

Лончар изјави дека ковид пропусниците се подготвени, но дека одлуката се уште не е донесена.

„Таа одлука се дискутира, се разгледува и се бара најдобро решение“, им рече Лончар на новинарите за време на обиколката на Здравствениот дом во Ниш.