„Лондон не е повеќе англиски град“: Легендарниот „Монтипајтонец“ со расистички испад/фото

197

Познатиот британски комичар Џон Клиз предизвикува контроверзии со една од своите последни објави на Твитер, каде што меѓу другото, вели и дека „Лондон повеќе не е англиски град”.

– И пред неколку години, јас велев дека Лондон повеќе не е баш англиски град. Оттогаш речиси сите мои пријатели од странство ја потврдија таа моја забелешка. Па, мора да има и малку вистина во тоа… Исто така, забележав и дека Лондон е градот во Велика Британија, кој најодлучно гласаше да се остане во ЕУ – напиша Клиз.

Многумина на интернет оваа изјава ја оценија како ксенофобична и расистичка.

Меѓу најжестоките критичари беше неговиот колега, глумецот Дом Џоли.

– Тој е очигледно многу интелигентен и забавен човек, но ова е навистина расистичка објава. Второ, оваа расистичка објава доаѓа од човек кој живее на Карибите. Иронијата е луда – изјави Џоли.