Лондонската полиција го отстрани сомнителниот пакет

25

Лондонската полиција денеска соопшти дека го отстранила и обезбедила сомнителниот пакет што беше пронајден во политичкиот округ Вајтхол.

Претходно, лондонската полиција објави на Твитер дека примила дојава за сомнителен пакет и оти се испратени специјални сили на лице место.

– Специјалните сили се на лице место и подрачјето е блокирано, објави лондонската полиција на Твитер.