Локални избори 2021: Демократскиот сојуз ќе настапи заедно со СДСМ

42

Претседателството на Демократскиот сојуз(ДС) на последната седница, вчера, врз основа на темелни анализи, сондажа на јавното мислење, како и програмските определби, одлучи да ја продолжи соработката со СДСМ и заеднички да настапи на претстојните локални избори.

Еден од главните мотиви е заштитата на националните и стратешките интереси на централно и локално ниво, како и имплементација на европските вредности. Потенцираат дека борбата против урбаната мафија и загадувачите на воздух, воведување ред во работата на угостителските објекти и гласната музика, донесување на детални урбанистички планови, формирање урбана полиција, средување на сообраќајниот хаос, изградба на катни гаражи, се само дел од приоритетите.

Демократскиот сојуз е за отворање перспективи за младите, за европска Македонија и силно се спротивставува на тие што со деструкција и екстремизам се обидуват да печалат политички поени. Демократскиот сојуз е за фер и демократски избори, но и за коренити промени на изборните правила.