Локализиран пожарот во близина на штипската населба Пребег

22

Пожарот во близина на штипската населба Пребег е локализиран, информира за МИА командирот на Територијалната Противпожарна единица-Штип, Тони Атанасов.

Пожарот е пријавен во 17 часот. Според првичните информации гореше сува трева и ниско стеблеста шума. Околу десеттина пожарникари излегле на терен, со цел пожарот кој го зафатил ридот да не пристигне до блиските куќи.

Жителите во централното градско подрачје и во штипската населба Ново Село ја почувствуваа миризбата од чадот, што беше разнесен од силниот ветер.

Атанасов вели дека во исто време втора екипа на пожарникари работат на отстранување на паднато дрво на локалниот пар кон село Таринци. Дрвото паднало поради силниот ветар, што во моментов се смирува