Тројца виетнамски криумчари се обиделе да „прошверцуваат“ тигар тежок 240 килограми сместен во железен кафез во камион. Обидот за криумчарење на животното бил откриен од виетнамската полиција во областа Кванг Нин на северниот дел на земјата.

Организаторот на криминалната група Нгујен Ван Мин (49) признал дека нелегално го купил животното во централен Виетнам.

По апсењето, полицијата упаднала во домот на Мин и пронашла два трупа на тигри, 12 черепи и три кожи од тигри.

Во јули годинава, виетнамските власти на аеродромот Ханој го открија и најголемиот меѓународен синџир на трговија со рогови од носорог во овој дел од светот.

Виетнам е земја погодна за криумчарење диви животни. Од 2000 година, низ целата земја, 200 тигри биле фатени од ловокрадци.