Литургија во манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски на Попова Шапка

75

Со света архиерејска божествена литургија во манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски чудтоворец на Попова Шапка беше одбележан денешниот празник Свети Наум.

Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф.

Беседа пред приусните во црквата одржа отец Александар Стојановски.

-Свети Наум е ученик и сотрудник на Свети Климент и заедно биле воведени во христовото евангелие и монашката предаденост и заедно ја вршеле мисијата во Светиклиментовиот универзитет. Свети Наум е изникнат од нашиот род и во текот на целиот свој живот му служеше на народот од овие простори и покажа како христијaнски да се живее не само тука, туку во целиот православен свет, рече отец Стојановски.

На денешното одбележување посветено на зимскиот празник на Свети Наум Охридски на Попова Шапка, присуствуваa министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, како и неколку пратеници.