За учеството на литературниот фестивал „Литератопија 2022“ делчевската поетеса Билјана Начовски освои Златна плакета.

“На фестивалот учествував со сонетен венец и магистрал со акростих кој ми донесе Златна плакета. Иако имам добивано и други награди ова е мојот најголем предизвик до сега во пишување. Делото содржи 14 сонети, како и еден магистрал со акростих“, истакна Начовски.

Ова е прва нејзина награда од литературниот фестивал “Литератопија 2022“ кој годинава го имаше своето второ издание. Делчевскиот роднокраен автор досега има напишано неколку стихозбирки, меѓу нив и делата „Градот“ „Акорди на моето срце“ и „Сила што ќе напише“.