Лингард добредојден на „Олимпико“

50

Италијанскиот калчолигаш Рома ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на крилниот напаѓач од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард.

Раководните лица на „црвените ѓаволи“ не кријат дека се незадоволни од играта и од ефектот на репрезентативецот на Англија и не гледаат ниту една причина за да не стават крај на соработката. Крилниот напаѓач ќе се пресели на „Олимпико“ само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 20 мил. евра.