Лила и Спасе: Не се во интимна врска, ама се заедно на море!

524

Македонската водителка Лила Лики Стојановска екс-Филиповска е на летен одмор, таму некаде во далечна Турција во Анталија. И мошне убаво си поминува, а судејќи според сликите кои на социјалните мрежи ги става дечкото со кој таа се разладува во водите на Средоземно Море, сфаќаме дека добро друштво ù прави некогашниот новинар од некогашниот „Македонски Свет“, Спасе Рола Јовановски, кој е сега вработен во ТВ Сител и кој најчесто го гледаме како презентер на вести и временска прогноза. Под една заедничка слика Спасе напишал дека „сообраќајот е густ и отежнат и дека двајцата нè бакнуваат од морето“. Мошне занимлив коментар кој може да се толкува на безброј начини, онака како кој што сака. Ние нема зајадливо да коментираме, ќе кажеме само тоа дека помеѓу Спасе и Лила нема апсолутно ништо што би можело да има “во густиот сообраќај“ на морската шир….

Тие се само вистински долгогодишни пријатели, и тогаш кога Спасе за Лила пишувал таблоидни текстови во „Свет“, но таа тоа никогаш не му земала за зло, го сфаќала тоа како дел од неговата новинарска работа. Другарството останало со што се потврдува дека помеѓу маж и жена не мора секогаш да постои интимна врска и дека може да се остане воздржан и тогаш кога Лила скоро пред нос ќе ти се покаже со намокрени гради во костимот за капење за кои добар дел од жените навистина би ù позавиделе. А, и рака на срце, нема смисла да има нешто интимно помеѓу нив, бидејќи Спасе може да ù биде син. Со оглед на тоа дека Јовановски е на возраста на нејзиниот син Филип… Д.М.