Лидл ќе отвори продавница во Македонија?

662

Со изградба на сопствен објект, германскиот дисконтен трговски синџир „Лидл“ планира да отвори продавница во Македонија, пренесува instore.mk. Оваа информација која овој магазин ја добил од свои извори, дирекцијата на компанијата во Германија не ја потврдува, но не ја ни демантира.

-Ви благодариме за интересот за нашата компанија. Во моментов сме концентрирани на нашата експанзија во Латвија и во Естонија, одговориле од „Лидл“ на прашањето на instore.mk за тоа кога планираат да дојдат на македонскиот пазар.

Магазинот уште пишува дека засега нема информација кога точно би се случил влезот на Лидл во нашата земја, но наведува дека неговите извори кажуваат дека подготовките веќе се влезени во сериозна фаза.

-Во трговскиот сектор кај нас веќе и јавно се зборува за влезот на „Лидл“ на македонскиот пазар, пишува instore.

„Лидл“ од 2018 година почна да работи во Србија, каде отвори 16 продавници во 12 градови. Со новите две продавници што ќе ги отвори на 11-ти месецов, „Лидл“ во Србија сега ќе има вкупно 41 објект. Во Хрватска, пак, работи од 2006 година.

Овој трговски синџир оперира во 30-ина земји во Европа, со околу 11.000 продавници, а присутен е и во САД. „Лидл“ секој ден опслужува по околу 10 милиони купувачи.