Ле Дријан повикува на дијалог за решавање на кризата во Хонг Конг

15

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан денеска ги повика властите во Хонг Конг да ги продолжат разговорите со демонстрантите, со цел да се најде мирно решение за тековната криза.

„Ги повикувам сите страни, пред сè властите во Хонг Конг, да го продолжат дијалогот за да најдат мирно решение за кризата и да спречат ескалација на насилството”, се вели во изјавата на Ле Дријан.

Поранешната британска колонија Хонг Конг со месеци е зафатена со протести, првично насочени против предлог-законот за екстрадиција и гонење во Кина, за да прерасне во барања за поголема демократија. Од почетокот на протестните митинзи во јуни, полицијата уапси повеќе од 600 луѓе.