Лејкерс е најомразен НБА тим во САД

33

Едно испитување на јавното мислење во САД покажа дека Лос Анџелес лејкерс кај Американците е убедливо најомразениот кошаркарски клуб кој настапува во НБА лигата.

Во дури 34 сојузни држави се изјасниле дека Лејкерс им се најнеомилен НБА клуб, а за ова веројатно придонесе и тоа што „езерџиите” сезонава повторно се меѓу најдобрите тимови во лигата и потрошија многу пари за да направат силен тим.

Голден стејт вориорс најмногу го мразат во 11 сојузни држави, Лос Анџелес клиперс е најнепопуларен во три сојузни држави, од кои едната е Калифорнија каде што играат, додека Хјустон рокетс е „непријател број 1″ во Јута и Оклахома.