Лејди Гага во интервју за „Епл музика“откри  дека не била во добри односи со постарите пејачки и затоа никогаш немала менторка. Освен Селин Дион и Керол Кинг, 34-годишната пејачка рече дека немало ниту една поискусна пејачка која би и го покажала патот. „Затоа, се надевам дека младите пејачи, без оглед на родовиот идентитет,  треба да знаат дека јас ќе ги поддржувам“, рече Лејди Гага, а како пример ја наведе 18-годишната Били Ајлиш, која има освоено пет  Emmy награди.

„Били собра многу награди па си реков ајде да и испратам цвеќе, но и пратив и порака. Мене многу ме боли тоа што немав таков вид на поддршка, затоа тоа за мене е еден вид на лек. Јас ќе бидам тој лек за некого“, смета Лејди Гага која не кажа дали Били Ајлиш и одговорила на таа порака.

Иако Лејди Гага немаше поддршка од постарите пејачки, таа ја имаше поддршката од постариот пејач Елтон Џон.

– Долго време Елтон Џон беше мојот ментор. Тој секогаш  бараше од мене да ја држам главата над површината на водата и особено го ценам тоа што тој секогаш знаеше кога се чувствувам лошо. Елтон тоа го знаеше бидејќи во тие моменти се криев, не сакав да ме види таква, се присети Гага.