Летувањето се претворило во трагедија: Србинка починала во хотел на Крит

219

Триесет и двегодишна жена од Србија, починала на Крит за време на одморот, пишува „Creta live news“. Таа била таму на одмор со друштвото.

Во саботата вечерта ѝ се слошило и им рекла на пријателите дека повеќе би сакала да остане во хотелската соба за да се одмори.

Нејзините пријатели отишле на кафе, а кога се вратиле во собата, ги дочекала трагедија – нивната пријателка била мртва.

Била повикана брза помош, но било доцна. Трагедијата се случила околу 22 часот во хотел во Херсонисос. Наредена е обдукција на телото на починатата.