Летонија го одобри зачленувањето на Северна Македонија во НАТО

40

Парламентот на Летонија го одобри зачленувањето на земјава во НАТО. Како што соопшти, денеска е усвоен нацрт-законот со кој се ратификува протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон Алијансата.

-НАТО обезбедува сигурност за скоро една милијарда граѓани во Европа и Северна Америка. Со пристапувањето на Северна Македонија, ќе има 30 земји-членки – сите подготвени да се заштитат меѓусебно. Пристапувањето на Северна Македонија во Алијансата, исто така, се очекува да придонесе за зајакнување на регионалната и евроатлантската безбедност, рече Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи кој е одговорен за нацрт-законот во Саима.

Оваа информација на твитер ја објави и Мисијата на Летонија во НАТО.