Летна понуда за Алан

32

Актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, не се откажува од намерата да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Алан.

Популарните “светци” се обидоа и за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на одличниот играч за врска, но не успеаа да најдат заеднички јазик со контроверзниот сопственик на “азурите”, Аурелио де Лаурентис.

Според сопственикот на Наполи, Алан вреди најмалку 100 мил. евра, додека челниците на ПСЖ се подготвени да одвојат околу 60 мил. евра за обештетувањето.