Летна ликовна школа за деца во Струмица

30

Во рамките на програмата „Библиобум“, локалната библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица, организира летна ликовна школа за деца.

Школата почна со работа на 2 овој месец, а ја води реномираниот уметник Митко Тошев од Струмица. Ќе трае до крајот на јули, а создадените дела од 25 учесници ќе бидат изложени на „Струмица опен фестивал“.

Програмата опфаќа осум ликовни часа, два пати неделно, а активноста се спроведува во рамки на програмата „Библиобум“, која има за цел да им помогне на локалните библиотеки да креираат позитивни промени во локалните заедници преку дизајнирање на нови услуги и искористување на постојните ресурси на библиотеките со цел на нивна трансформација во центри на знаење, информации и идеи.