Лесна победа за МЗТ Скопје против Спарс

29

Македонскиот кошаркарски вицешампион, екипата на МЗТ Скопје, забележа убедлива победа (93:77) против босански Спарс во последното коло од регуларниот дел во АБА 2 лигата.

Гостите од Сараево во Скопје допатуваа со десеткуван состав со оглед на тоа што дуелот немаше апсолутно никакво резултатско значење. Па во желбата да ги зачуваат силите повторно за натпреварот со МЗТ Скопје, но во полуфиналето од плејофот, кое стартува во среда, се одлучија да ги одморат најдобрите свои поединци. Сето тоа го искористија аеродромци кои од самиот почеток наметнаа ритам за победа и рутински ја одржуваа предноста во своја корист до самиот крај.

Најефикасен во редовите кај тимот од Аеродром беше Предраг Самарџиски со 26 поени, а придодаде и 14 скока, додека  Иванов запиша 19 поени. На спротивната страна се издвои Мањгафиќ со 16 поени и четири скока.

ФОТО: Ѕ. Плавевски