Лепа Брена и Емина Јаховиќ одмораат и пијат шампањско на јахта во Турција

3838

Убав живот! Добро познатите и популарни пејачки од Србија, Емина Јаховиќ и Лепа Брена (Фахрета Живојиновиќ), деновиве интензивно другаруваат во Турција, на една луксузна јахта. Емина Јаховиќ остана да живее во Турција со синовите, по разводот со Мустафа Сандал, а Лепа Брена е и понатаму во брак со Бобан Живојиновиќ. Емина не ја крие својата воодушевеност од Лепа Брена, па порачува дека таа, за неа, е „мајка, кралица и естрадна ѕвезда“.

Двете пејачки ѕвезди гламурозно си поминуваат покрај морето, пијат шампањско и си раскажуваат вицови. Кога сакаат да јадат нешто, јадат, главно, морска храна, која се состои од свежа риба со сезонска салата. Гледајќи ги така среќни и задоволни, обожавателите не може, а да не коментираат дека животот на пејачките е навистина убав.  Д.М.