Дорис Драговиќ е Доротеа, Лео Мартин е Миша Јовиќ, а Тереза е Ане Луце Кесовија

208

Станале и останале популарни со уметничките имиња!

Родени се под некое друго име или презиме, а тие вистински имиња им се запишани само во нивните лични карти, во матичната книга на родените. Но кој знае од кои се причини со текот на времето додека стануваа популарни и славни своите имиња ги „прекрстувале“ во уметнички. Таков потег најпознат е кај мега популарната Лепа Брена за која и врaпчињата знаат дека е родена под името и презимето Фахрета Јахиќ, а дека уметничкиот прекар го добива по идејата на познатиот ТВ-радио-водител и новинар Милован Илиќ-Минимакс. Но има многу пејачи и музичари кои на публиката и се познати само под уметничко име. Еве, некои од тие најкарактеристичните:

Лео Мартин
Познат пејач на шлагерски песни, интерпретатор на хитовите „Одисеја“, „Збогом Кристина“, „Волим те“…има вистинско име Миша Јовиќ и родум е од српскиот град Ниш. А, Лео Мартин станува од како почнува со својата кариера вон границите на тогашната Југославија, па за странците многу мачно би било да го ословуваат со српското Миша Јовиќ. Сепак и на екс-југословенската естрада тој нешто подоцна станува Лео Мартин, а Миша Јовиќ останува само за своите дома и во своите документи.

Изворинка Милошевиќ
Исклучиво популарна пејачка на влашки народни песни во седумдесеттите години. И сите ја знаеме како Изворинка Милошевиќ, а таа е всушност Фунтињора Фунта Лунга. Име и презиме кое многу тешко може да се изговори, а ни на крај памет да помислите дека станува збор за пејачката Изворинка.

Јасмин Ставрос
Пејач од Сплит познат по песните со далматинска музика, по потекло е од српскиот град Шабац. Запишан е со име и презиме Мило Васиќ со корените од тој дел на поранешната Југославија. Уметничкото Јасмин Ставрос го добива по иницијатива на хит мејкерот Рајко Дујмиќ. Кога го сменил името, татко му беше лут, а мајка му не можела тоа да го преболи.

Тереза Кесовија
За легендарната пејачка родум од Дубровник која во Југославија и светот се прослави токму со името Тереза, никој жив не знае дека тоа и е само уметничко. Нејзиното вистинско име е Ане (Луце) Кесовија. По старите традиционални обичаи од тој дубровнички крај секое родено девојче добива по две имиња, едното е официјално, а другото нагалено. Но, идната голема пејачка ѕвезда нешто подоцна почнуваат во Дубровник да ја ословуваат и со името Тереза бидејќи е родена на 3 октомври, денот кога целиот католички свет ја слави Света Тереза. Тоа име силно впечатливо и останува ама само за музичката сцена. Во документите е сепак само Ане Кесовија.

Лепа Лукиќ
Неофицијалната кралица на фолк-музиката е родена како Лепава Мушовиќ во едно шумадиско село, а поради големата љубов кон песната го напушта родниот крај, станува колку толку позната и набргу се мажи за српскиот бизнисмен Лукиќ. Таа го зема неговото презиме, и потоа како Лепа Лукиќ го пее својот голем фолк хит „Од изворот две патеки“. Токму со тоа презиме уште повеќе се зацврстува на самиот естраден врв. Денес никој веќе не ја знае по презимето Мушовиќ и ако тоа презиме и стои во документите.

Дорис Драговиќ
Ѕвездата на југословенскиот шлагер и дупла учесничка на „Песна на Евровизија“, сплиќанката Дорис Драговиќ само за семејството е позната како Доротеа Савиле. Со уметничкото се стекнува како пејачка на групата „Море“, а така и останува и до денес. Но, ако кажете Доротеа нема никогаш да ви текне дека станува збор за убавата пејачка Дорис Драговиќ.

Д.Миќиќ