Ленард го пласираше Торонто во Источно финале

49

Драмата во мајсторката за финале во Источната конференција помеѓу Торонто и Филаделфија беше на висина на задачата. Тешка, исцрпувачка битка со огромен влог и на крајот мечот го одлучи само еден шут. Каваи Ленард на десет секунди до крајот промаши слободно фрлање, а потоа од контра напад Џими Батлер изедначи на 90:90.

Кога сите помислија дека продолжението е неминовно, Ленард презема сè во свои раце и со звукот на сирената постигна поен за победа (92:90) со која си закажаа супер финале против Милвоки.

Најзаслужен за оваа победа е Ленард со 41 поен, а во сите седум натпревари постигна дури 243 коша со кои влезе во историјата на НБА лигата. Пред него со ваква бројка во конференциската полуфинална серија може да се пофали само Мајкл Џордан (246) и Карим Абдул Џабар (260).

Пласман во другото конференциско финале (Запад) обезбедија и кошаркарите на Портланд, кои во седмиот меч беа подобри од Денвер со 100:96. „Блејзерси“ во финалето ќе играат против актуелниот шампион Голден сјејт, кој и трета година по ред ќе се обиде да дојде до трофејот во најквалитеткото клупско кошаркарско натпреварување.