ЛЕЛЕ ТАМАРА , ШТО СТОРИ – НЕ НИ Е МАКА, НАЈДОБРА БЕШЕ

245

Според гласањето на професионалните жирија од земјите учеснички на фестивалот шведската песна доби 239 бода, а Македонија само два бода помалку, 237. Публиката за Македонија даде 58 поени.

Норвешка, Русија, Швајцарија, Италија и Холандија добија најмногу гласови од публика. Со 237 гласови нашата претставничка на Евросонг 2019 Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) се пласираше на осмото место донесувајќи и на нашата земја заслужен, долго очекуван, ама се чини и во вистински момент дочекан пласман.

Ова е досега најдобар пласман на Македонија на Евровизија, со кој Горда и Тамара Тодевска и донесоа историско место на македонската забавна музика.

Ова беше четврти пат како Тамара Тодевска  учествува на Евровизија, но првпат како солист. Пред седум години пејачката Калиопи со песната „Црно и бело“ настапи во финалето на 57.Евровизија, што се одржа во Баку, Азербејџан. Овојпат, парниот број на бесконечноста како што кажа самата пред вечерашниот настап и го донесе единственото возможно – ПОБЕДА.

Нејзината песна е своевидна химна за сите жени посветена на прифаќање на различностите, иако самата Тамара вели дека е наменета за сите. 

Aвтори на песната „Горда“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. како придружни вокали настапија Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.

На настапите и на главните официјални појавувања Тамара беше облечена во креации на Александар Ношпал.