Лекари присуствувале на собир за алтернативни начини за заштита од вирусот – некои од нив позитивни на Ковид по враќањето

87

Група американски лекари кои присуствуваа на состанок против вакцинација во државата Флорида, биле позитивни на Ковид неколку дена по присуството на самитот.

Според извештаите на „Дејли биста“, на лекарите им се слошило на почетокот на месецов, откако присуствувале на собир на кој разговарале за алтернативни начини на лекување и заштита од ковид.

Организаторот на собирот Џон Литл изјави дека седум лекари биле позитивни од 800-900 учесници на собирот, пренесе „Хил“.

Тој додаде дека не мисли дека конференцијата ќе стане жариште и рече дека верува оти заразените лекари се заразиле во нивните земји уште пред да дојдат на собирот.

Меѓу заразените лекари е и Брус Борос, кардиолог кој се залага за употреба на ивермектин како ефикасен третман за ковид.

„Мојата сопруга и јас почнавме да земаме ивермектин пред 16 месеци. Никогаш во животот не се чувствував поздраво“, рече Борос на собирот.

Се вели дека тој се заразил со Ковид два дена подоцна.

Тој рече дека бил лут што татко му (97) ја примил вакцината, велејќи дека му бил „исперен мозокот“ и додаде дека татко му починал на денот на конференцијата.

Литл изјави дека лекарите се лекуваат со ивермектин и дека „Брус се чувствува добро.