Уште една трагедија го погоди ракометниот свет. Португалскиот голман Алфредо Кинтана доживеа инфаркт за време на тренингот на својот клуб Порто, каде настапува и македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски

Тој колабирал за време на тренингот, а лекарите со благовремена интервенција успеале да му го спасат животот, но борбата не е завршена. Весникот „А Бола“ повикувајќи се на анонимни извори тврди дека ситуацијата се уште е сериозна, поради што и челниците на Порто се резервирани во коментарите и прогнозите.

Лекарите го ставиле Кинтана во вештачка кома, бидејќи сметаат дека ова е најдобар начин за стабилизирање на организмот. Проблем во целата ситуација е што покрај срцевиот удар утврден и оток на мозокот, што ја комплицира целата работа и дополнително го загризува здравјето на голманот.